Ријана со нова колекција за Валентајн | Trendseteri
Menu

Ријана со нова колекција за Валентајн

Savage x Fenty на Ријана со ексклузивна Валентајн колекција

 

Брендот Savage x Fenty кој Ријана го основа во 2017 годинa, се со цел вклучување на жени од сите категории (не само оние “совршените”) ja означи новата ера на сексепилот и ги собори од тронот некогаш најмоќните Victoria’s Secret.

Savage x Fenty излезе со новата Валентајн колекција, можеби најважниот ден од годината кога се работи за долна облека. Новата колекција е дело на дизајнерот Адам Селман кој за британскиот Vogue изјави дека одлично се одвива неговата соработка со Ријана чии парчиња развиваат чувство на самодоверба, моќ и среќа.

Оваа ексклузивна колекција се состои од 19 парчиња долна облека и разни додатоци, и поделени се во две категории: Down The Aisle и Locket Down, но Адам и Ријана препорачуваат микс од двете заедно. Во кампањата учевствуваа прекрасните Joan Smalls, Paloma Elsesser, Adesuwa Aighewi и Fiffany Luu, додека за фотографиите е заслужен Dennis Leupold.