Сапуница од 80-те – новата кампања на Versace | Trendseteri
Menu

Сапуница од 80-те – новата кампања на Versace

Кампањата на Versace со кич и гламур од познатите сапуници

 

Драма, интриги, скандали, амнезија после сообраќајна несреќа, уцени, несреќни бракови, апсења, дијаманти и свила. Holiday кампањата на Versace асоцира на кич и гламур од познатите сапуници во 80-те години.

За кичот кој е опкружен со скандали и гламур заслужна е Сара Бејкер – мултимедијален уметник од Лондон позната по провокативните креации кои се карактеризираат со луксуз, celebrity култура, инспирирани од љубовните романи и сапуници.

Сара е вистински визионер која точно знае како иделно да ја претстави Versace жената.