Фолк пејачката Сања Гроздановска Сани е бремена
Фолк пејачката Сања Гроздановска Сани е бремена. Таа е во третиот месец од бременоста. Ова ќе биде второ дете на пејачката која ја има ќерката Викторија од нејзиниот прв брак.
– И на мене и на Мартин ни е сеедно дали ќе добиеме ќерка или син. Викторија најмногу се радува на бебето. Едваја чека да се породам, вели Сања.
-Имав настап и по настапот ми се јави Мартин и ми рече да дојдам во еден ресторан на пијалок. Но, кога отидов таму се изненадив.Со Мартин сами на вечера со роденденска торта и шампањ. Ми рече да си одберам подарок, што сакам тоа ќе ми купи, вели Сани.
Свадбата на Сани и Мартин е закажана за 27 август.