Познатите дами ги носат овие сандали, но сите жени ги обожаваат! | Trendseteri
Menu

Познатите дами ги носат овие сандали, но сите жени ги обожаваат!

Сандалите со тенки ременчиња доминираат оваа пролет!


Пролетта штотуку започна и голем број трендсетерки и љубителки на модата ги извадија своите омилени сандали, кои веќе неколку сезони се многу популаерн, а оваа година ќе го достигнат врвот на модата.

Елегантните сандали со тенки ременчиња се непогрешен избор за различни прилики.

Клучот за популарноста на овие едноставни сандали е во нивната специфична боја, која треба да биде што е можно поблиску до бојата на вашата кожа. Овие сандали гарантираат доза на луксуз и совршено се комбинираат со сè што имате во плакарот.

Во боја на кожата но во разни нијанси се комбинираат со секоја боја што можете да си замислите, а другата предност е што сандалите даваат скапоцен изглед, без оглед на вистинската цена.

Но главната причина зошто жените од целиот свет се „полудени“ по овие сандали се женските облини. Визуелно ги прават нозете далеку подолги отколку што всушност се.