Надежда на кореанците лежи во Samsung Galaxy S8
Последните медиумски објави околу Самсунг ноут 7 не беа во полза на корејската компанија. Финансики претрпи Самсунг огромни штети, исто како и загубата на реномето. Експлозиите на некалку ноут 7 беа фрапантни.
Но Самсунг реагира веднаш и го најави новиот Samsung S8, кој ќе го спасува угледот на компанијата.
Како што протекоа информации и стратегијата на компанијата „С“ моделите да се објавуваат на Mobile World Congress во Барселона, новиот Самсунг ќе биде објавен на 26. фебруари 2017 токму на саемот во Барселона. Предходна објава е неверојатна, бидејќи и ова о веќе повлечен термин заради проблемите со ноут 7.
Кореанците ќе дадат сè од себе за да се надмине дебаклот со ноут 7. Конкретно кажанао …самсунгот ќе има 4к дисплеј и најверотна ќе биде преку цела предница. Ќе има сензор за отпечатоци на прст. EDGE технологијата ќе биде стандарт и ќе има само 2 модела, кои што ќе се разликуваат само во големината.
Во доменот на процесорот, најверојатно исто така ќе има две варијанти. Едниот ќе биде сопствениот Exynos-Chip, а другиот, уште необјавениот Snapdragon 830 од Qualcomm.
Камерата ќе биде долгоочекуваната дупла камера. Се најавува дека ќе има енормно голем сензор кој ќе овозможува идеални слики и во отсуство на светло.
УСБ Ц стандардот е најавен. Исто така ќе се користи читачот на заницата за отклучување на мобилниот.
Доколку се исполнат ветувањата на новиот Samsung S8, новообјавениот iPhone 7 ќе има сериозен конкурент.