Најважните лекции кои се учат од самотија
Сите сме поминале низ период во кој ни било потребно некое време да поминеме сами со себе, да ги средиме своите мисли и најбитно од се, да научиме животни лекции, кои ни помогнале понатаму во животот да се носиме со победите и поразите кои тој ни ги сервира.
- Себе се познаваме најдобро. Нашите пријатели едноставно не се можност да научат се за нас и да не разберат во секоја ситуација, тогаш е време за краткотрајно повлекување.
- Понекогаш единствено сами можеме да ја увидиме големината на сопствениот проблем, затоа нема потреба да го споделуваме со други.
- Наместо да барате совети, длабоко во себе ќе го пронајдете најдоброто решение.
- Сфатете дека вие сте единствено одговорни за вашиот живот и дека секогаш сами ќе патите за сопствените грешки, затоа водете се според вашиот внатрешен глас.
- Научете дека молчењето некогаш е злато.
- Соочете се сопствените стравови.
- Сфатете дека по падот, сами морате да станете.
Понекогаш, кога ќе осетите доза несигурност, одберете да се повлечете во себе, како би нашле начин да го пребродите сопствениот проблем и да поминете во нова животна етапа.