Saint Laurent со кул колекција | Trendseteri
Menu

Saint Laurent со кул колекција

За девојки со рок стил

 

Реномираната модна куќа Saint Laurent излезе со новата resort 2020 колекција која ќе ја обожаваат девојките кои го негуваат рок стилот.

Креативниот директор Anthony Vaccarello во неговата нова колекција се фокусираше на прекрасните фестивалски изгледи и дневни парчиња со модни додатоци за кул стил.

Главните улоги во оваа колекција ги имаат Mad Mullins и Tes Linnenkoper кои изгледаат прекрасно во дневните комбинации како кожна јакна, мал црн фустан, женско одело, лежерни раскопчани кошули и блузи. Колекцијата е зачинета со впечатливи модни додатоци како што се чизмите над колена, широк каиш кој ја истакнува половината, впечатливи огрлици и секако задолжителните, очила за сонце.