Саат кула - Гостивар | Trendseteri
Menu

Саат кула – Гостивар

 

Саат Кула – Симболот на Гостивар

 

Саат кулата е еден од најзнаменитите и препознатливи објекти во Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме. Изградена е во 1728 година од Исмаил Ага, син на Хаџи Јусуф Ага.

Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата. Се наоѓа во центарот на градот, а веднаш до неа постои џамија наречена „саат-џамија“ (џамија „саат Ебу Бекир паша“) која била обновена во поново време. Во непосредната околина на саат-кулата се наоѓаат поштата, познатиот трговски центар „Блу-центар“ со стаклената фасада, а недалеку по улицата на 250-300 метри е црквата црквата Света Богородица и градскиот плоштад.

Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните оригинални саат – кули. Таа се уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа.