Руска зима: Земја од бајките покриена со лед | Trendseteri
Menu

Земја од бајките покриена со снег

Руска зима: Земја од бајките покриена со снег

 

Прва асоцијација на зборот Русија е зима. Иако во оваа земја постои и суптропска клима, поголемиот дел од Русија е под долга, ладна и снежна зима. Иако во Јануари во Сочи просечната температура е 15 степени, во Омјакон е забележана температура од -72 степени.

Жителите на Русија се навикнати на оваа клима и сосем нормално функционираат и не се жалат на лед и снег. Понекогаш температурата може да се спушти од нула на -24 степени за една вечер. Во Москва зимата трае четири месеци и во просек има 50 снежни денови.

Трансибирската железничка е она што сонуваат светските патници. Патот започнува од Москва, а крајна станица е Вадиводсток. Таа рута е долга дури 9288 километри. Патувањето со руски воз низ бајковитите предели трае 7 дена и 7 ноќи. Тие кои не сакаат снег, тешко дека ќе ја засакаат Русија. Ама без обзир на пристрасноста, кога ќе се спомне Русија на сите пред очи им доаѓаат слики од богатства, дами и господа, снег, зима од бајките…