Романтичната војвотка од Сасекс | Trendseteri
Menu

Романтичната војвотка од Сасекс

Меган Маркл во стил на принцезата Дајана

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл секогаш кога се појавува во јавност на суптилен начин и оддава почит на принцезата Дајана. Нејзиното појавување на отварањето на One Young World самитот во Лондон привлече големо внимание по нејзиниот аутфит. 

Виолетовиот нежен фустан со долги ракави на познатиот бренд Aritzia во комбинација со впечатливите морнарско сини потпетици направија војвотката едноставно да блеска на настанот.

Овој аутфит стана впечатлив поради фактот што наликува на оној во 1996 година што го носела принцезата Дајана. Долгиот фустан, иако без ракави, по кројот наликува токму на овој на Меган, а сличноста е нагласена и по изборот на идентична боја.