За да не го нарушат својот стил, мажите ретко ги носат, што е ГРЕШКА!
Затоа ви даваме неколку совети како да носите ролка оваа зима.
Под кожна јакна

Ако сте обожавател на кожни јакни, тогаш треба да знаете дека ролките одлично се вклопуваат со нив. Со помош на оваа комбинација ќе изгледате бунтовнички, но истовремено и елегантен, префинет изглед со што би изгледале привлешен на дамите.
Под капут

Нема нешто по елегантно и по сексипилно од тоа кога ролката ќе ја облечете со убав и долг, зимски капут. Уште ако на таа комбинација додадете шал, тогаш сте направиле идеална зимска комбинација со која сите погледи би ги привлекле.
Под палто

Ако ви доасдија монотоните комбинации на палто и кошула, тогаш кошулата заменете ја со ролка и бидете најдобро облечен на работа.
Во спортска комбинација

Ролките не се наменети само за личности кои се облекуваат елегантно. Затоа што се топли и удобни, лесно можат да се вклопат и со патики.