Роби Телекабел- Мангуп со стил | Trendseteri
Menu

Роби Телекабел – Мангуп со стил

Роби „Телекабел“ – Уникатен и секогаш тренди

 

Неговото име е Роберт Димитров-Роби сопственик на Телекабел и според нас е клучна фигура во светот на модата кај нас. Ние  овде нема да зборуваме за неговите бизнис успеси, туку за модата која овој успешен бизнисмен ја диктира во Македонија. И кога е на кафе шема, кога е на бизнис состанок, на плажа или на скијање, Роби е скоцкан од глава до пети. Внимава на изборот на аксесоари, од рачниот часовник па се до очилата за сонце.

Неговите омилени брендови се светски познатите марки како Бос, Армани, Филип Плеин и Долче  Габана. Чевлите внимава да му одговараат на стајлингот и секогаш очилата за сонце ги комбинира со аутфитот. Роби е џетсетер во вистинска смисла на зборот. Малкумина мажи можат да се носат рамо до рамо со младиот штипски бизнисмен која е дефинитивно и  модерен Казанова кога се во прашање женските срца. Само не успеавме да дознаеме кој му е омилениот парфем.

Според тоа што е успешен во бизнисот и хуман човек, тој е и успешен во изборот на неговиот аутфит. Затоа може да се вклучи во кругот на „Трендсетери“!