Хороскоп - Риби | Trendseteri
Menu

Риби

Риби

 

20. Фебруари – 20. Март

 

Риби – жени

Таа е нежна, мечтателна и воздржана по природа и се води според своите чувства. Никој не знае да даде утеха подобро од неа – секогаш подготвена да помогне, внимателна, чувствителна и дискретна.
Таа е многу романтично настроена, па затоа во врска бара романтичен партнер кој ќе направи да се чувствува згрижена и заштитена. Кога ќе го најде вистинскиот, ќе се исполни нејзината желба за сеопфатна љубов, сега и тука.

Риби – мажи

Тој е креативен мечтател кој брзо се исклучува од реалноста. Тој е добар слушател кој дава охрабрување, утеха и сочувство кон другите. Зависта и љубомората за него не се познати и тоа го прави вистински пријател.
Мажот Риба сака партнерка која го разбира и која е чувствителна и романтична како што е и тој самиот. Кога ќе ја пронајде, нивната врска често трае цел живот.