Хороскоп - Риби | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Риби

Љубовен хороскоп за Риби – месец март 2018та

 

Риби 19.02 – 20.03

Месец Март најмногу мистерија и изненадувања во исто време им носи на и онака збунетите Риби. Изминатиот месец за овие претставници беше исцрпувачки, но затоа во Март доживуваат ослободување од минатото и товарот кој со него го носеле. Слободните претставници ќе се двоумат меѓу поранешен партнер и комплетно нова личност која ја запознаваат преку работа. Фазите на Месечината во овој месец ќе ги опфатат најважните точки во наталните карти на оние кои се знак/подзнак Риба, па со тоа ќе ги предизвикаат посамостојно да донесат одлуки на тоа поле. Младата Месечина во вашиот знак на средината од месецот носи нови почетоци и нови прилики да се вљубите во тотално поинаква личност од досегашниот избор. Токму последниот и најмистериозен знак со себе носи изобилство од неочекувани моменти и настани, а планетите кои транзитираат низ овој знак, само ја истакуваат потребата да се оди во тој правец.

Поволни датуми: 5,6,17 и 18.
Неповолни датуми: 1,2,29 и 30.