За жени кои не преферираат танги на плажа
Првото одење на плажа за многу жени знае да биде кошмар пропратен со прашања од типот на „како ли сега да се соблечам, којзнае колку ќе ми го критикуваат стомакот, мораше ли и ова лето да бидам неспремна?“
За среќа, постојат ретро бикини кои ќе направат да изгледате подобро отколку што можете да замислите.
Долниот дел обично е повисок и го покрива делот од стомакот до папокот, односно најкритичниот.
Без оглед на линијата на телото, килограмите, но и обликот. Ретро бикини стојат добро на секоја жена…