“Релакс” Спа центар ТЦ Бисер – центар за релаксација, убавина и здравје.
Ако некогаш лежењето во џакузи со чаша виски и пура беше првата асоцијација за хедонистички чин на богатите директори, денес е секојдневна техника за ослободување од стресот на се повеќе Македонци.
Се почесто граѓаните знаат да си се почастат со некое спа уживање како што е топлата бања, масажа со топли вулкански камења, сауна… Со стресното секојдневие, брзиот начин на живот, спа – центрите станаа дури и зависност за многумина.
“Релакс” Спа центарот што се наоѓа во ТЦ Бисер на приземје, ви нуди вистинско спа уживање за вас.
Џакузи – Џакузито е во интимна просторија каде што има и финска сауна, водата се полни посебно за секој клиент 800 литри и е на температура од 38 степени, целиот СПА дел ви е интимен и на располагање.
Финска Сауна – Сауна е еден вид бегство од динамичниот свет кој нè опкружува и штетите што ни ги прави на нашето тело и ум.Седење во добро проектирана и добро изградена сауна создава прекрасно чувство на релаксирање.
Масажи – Позитивните ефекти на масажата се докажале во процесот на заздравувањето на телото, како и во јакнењето на имунолошкиот систем и овозможувањето на единство на духот, психата и телото.
Јумеихо масажа – Се состои од методична примена на комплекс на рачни процедури и физички вежби кои имаат намена да ја повратат рамнотежата на човековиот организам и да го обноват неговиот функционален баланс.
Третмани на лице – интензивни третмани за брзо подобрување на недоволно нахранетата, уморната или безживотната кожа, обезбедувајќи ја со потребната поддршка.
Депилација – Депилацијата е еден од најраспространетите начини за отстранување на непосакуваните влакна од телото и повеќето ја претпочитаат затоа што има многу предности во споредба со другите методи.
Фитнес центар – бидете здрави, витки и одржете ја посакуваната цврстина на телото, без разлика на годините. Имајте совршена фигура!
Парафински третман – Дозволете си барем еднаш месечно парафински третман, кој ќе направи многу за Вашата кожа на рацете и нозете. Се прави пилинг,се додава богата кислородна крема и се става во парафин, завршува со масажа.
Маникир и педикир – Средување на ноктите на рацете и нозете е неопходно не само естетски, туку и хигиенски причини. Чувството на меки стапала и нежни дланки е чувство на сигурност! (Користиме прибор сет за секој клиент).
Надградба на нокти – Вашите нокти нека бидат прекрасни и несекојдневни со стил со користење на најквалитетниот белгиски бренд PROFESSIONAILS.и добро познатиот амерички бренд O.P.I
Шминка – Изгледот, чистината и природниот сјај на лицето се најважни при секоја свечена пригода. Со професионалната шминка, очите секогаш го добиваат приматот на најважни во истакнување на женската убавина.
Адреса: Бул. Јане Сандански бр.78 (ТЦ Бисер – Аеродром)
Телефон за контакт: 078 383 342