Range Rover - Velar | Trendseteri
Menu

Range Rover – Velar

Новиот „Velar“ – Теренец со удобност на лимузина

 

Елегантните пропорции на Range Rover Velar и јасно забележливите дизаинерски детали на Range Rover создаваат возило коешто едноставно бара внимание.

Независно дали се движите по автопат или совладувате деликатни локални патеки, Range Rover Velar ја носи способноста во својата срж. Погонот на сите тркала (AWD) со системите Интелигентна динамика на погонот (IDD) и Насочување на вртежниот момент преку кочење овозможува привлечно и возбудливо возење.

Range Rover Velar е водечки во прогресивен дизајн. Тој ги комбинира познатите линии, линијата на покривот и непрекинатата странична линија, на Range Rover со едноставноста којашто прикажува самодоверба и карактер. Уникатните дизајнерски детали од предниот одбојник па сè до задниот дел од возилото го зголемуваат ефектот.

За сигурно теренско возење преку најразлични терени, во Range Rover Velar е вграден системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) како дел од стандардната опрема заедно со опционалниот систем Terrain Response 2. Во исто време, интелигентните системи со постојан погон на четири тркала (4WD) на Land Rover имаат неспоредлива способност за секакви временски услови и за секакви површини.

Од спортската командна позиција за возење, Head-up дисплејот и двата 10″-ни екрани на допир со висока резолуција, до поединечните лизгачки потпирачи за раце и прилагодливото осветлување според расположението, секој детаљ беше земен во предвид за да се обезбеди префинето, современо доживување во возењето.

За повеќе информации за навиот Velar обратете се на

AUTOMOBILI GROUP DOOEL
Скупи бр.8, 1000 Скопје