Рај за љубителите на природата | Trendseteri
Menu

Рај за љубителите на природата

Спиете во куполи опкружени со џунгла и слонови

 

Доколку сте во потрага по незаборавно искуство кои ќе ја обележи оваа година, тука имаме еден совршен предлог за вас. Луксузниот тајлантски ресорт “Anantara Golden Triangle Elephant Camp & Resort” го претстави новиот облик на сместување – прозирни куполи во кои можете да спиете под ѕвезденото небо, опкружени со џунгла и слонови. Куполите Jungle Bubbles се сместени внатре во џунглата каде живеат слоновите и можете да уживате во удобноста на креветот или пак на лежалките на дрвената тераса.

Овие уникатни куполи се дело на архитектонското студио “Eye In The Sky” и се направени од high-tech полиестетска ткаенина. Куполите од 22 квадрати се опремени со клима, “кралска” спална, купатило, мини бар и 24 часовна услуга. Овој камп се простира на дури 650 000 метри квадратни.

Цената на едно ноќевање за двајца чини 585 американски долари, а дел од заработката овој хотел ја донира во фондацијата “Golden Triangle Asian Elephant Foundation” (GTAEF) за зачувување на популацијата на слоновите кои им се заштитен знак.

Звучи како идеално место за одмор во 2020 година нели?