Проценете сами кој бил или не бил во очекуваниот аутфит

Добар аутфит на господинот. Како што треба со откопчано палто. Дамата за жал не се придржува на дрескодот

Палто на фармерка може, но треба да е откопчано. Исто така може и чевли. Патика на ваков настан не е пожелна. Дамите лево и десно со полн погодок.

Дамата со перфектен аутфит. Господинот треба да знае дека се носи кошула во панталони иако се фармерки. Поголемо зло е само кошула со краток ракав.

Немаме коментар за ова. Но очигледно се советувале еден на друг. Ова е стил …сакаме но не знаеме како

Иако со стомак, аутфитот на господинот со палтото по пропис. Откопчано палто, фармерка, и чевли. Сепак треба да му каже некој дека не се држи рака во џеб. Тоа е непочит кон другите. Господинот лево од него го коментиравме.

Дамата непрописно. Господинот со кошула 2 броја поголема и со краток ракав. Зло на моданиот аутфит. На таа пара задолжително моден советник (семеен).
врати се