Промоција на новата евровизиска песна на Јана Бурческа
Македонската радио телевизија објави тизер за македонската евровизиска песна “Dance Alone” на нашата овогодинешната евровизиска претставничка, Јана Бурческа, пејачката која се прослави со учеството во шоуто „Македонски идол“.
Песната ќе биде промовирана вечерва со почеток во 20.15 часот во „Стисни Плеј“ на МРТ. Специјалната емисија ќе ја води Александра Јовановска, портпарол на македонската евровизиска делегација.
“Dance Alone” беше избрана во конкуренција од повеќе од 200 пристигнати песни.