Доаѓа пролетта: Модни инспирации од инстаграм | Trendseteri
Menu

Доаѓа пролетта: Модни инспирации од инстаграм

Доаѓа пролетта: Модни инспирации од инстаграм

 

Во знак на доаѓањето на пролетта, убавите сончеви денови кои не се премногу топли, ниту пак студени, се совршени за модни комбинации и затоа имаме повод да ви понудиме малку fashion инспирации од инстаграм. Погледнете ги модните комбинации кои ги избравме за вас.

Кожна јакна и високи чизми во комбинација со миди зимски фустан како одличен избор за испраќање на зимата и почеток на пролетта.

Лакираните парчиња ќе бидат хит за оваа сезона. Дали се тоа обувки, мантил, каиш или слично, треба да ги имате во вашата колекција.

Со фланелна јакна и старки, не можете да погрешите.

Чизми со чипка над колена поседуваат сите модни блогерки. Комбинирајте ги со интересна тренди ролка и фустан.

Сатентска облека, која веќе ја гледаме на трендсетерките доволно е да ја вклопите со фармерки и нема да погрешите.

Тренди тренерка/пантолона, патики и бунда – одличен outfit за патување.