Вреди ли cекc „ради реда“? | Trendseteri
Menu

Вреди ли cекc „ради реда“?

Избегнувајте cекc „ради реда“ затоа што подоцна ќе се чувствувате лошо како никогаш досега


Понекогаш наместо исполнетост и задоволство по cекcот може да се почувствуваме разочарано и истоштено. За да не се најдете во некоја слична ситуација прочитајте кои се трите основни правила кога треба да избегнувате cекc.


Присилен cекc

Доколку имате cекc само за да ја исполните желбата на вашиот партнер или пак да ја завршите вашата брачна должност, тоа е целосно погрешен пристап поради кој cекcот нема да биде уживање. Слободно кажете дека не сте расположени и не се чувствувате дека треба да имате cекc. Ќе дојде моментот кога ќе бидете подготвени да започнете со акција. Од друга страна пак, брзиот cекc е идеален за моментите на страст, но никако во моментите кога треба да го направите тоа, а вие не сакате.


Cекc во моментот кога сакате да правите нешто друго

Кога не сте сконцентрирани на задоволството, веќе мислите ви се упатени некаде на друго место, тогаш избегнувајте таков cекc. Доколку имате грижи или пак некои други работи ви се вртат во главата тогаш подобро не почнувајте со cекcуалниот однос затоа што вашите чувства и мозокот во тој момент не се на иста бранова должина па затоа задоволството ќе изостане.


Cекc со погрешна личност

Доколку не сте во врска и барате авантура тогаш не земајте го cекcот „здраво за готово“. Кога ќе се најдете во таква ситуација прво размислете дали сакате таа жешка ноќ следното утро да ја избришете од вашите сеќавања. Таков cекc често се случува кога сте под дејство на алкохол. Доколку сте заинтересирани за некој „странец“ во ноќна авантура, тогаш добро размислете дали е добро тоа што планирате да го направите.

Elena Bojkova, Елена Бојкова