Фустанот за кој цел свет зборува | Trendseteri
Menu

Фустанот за кој цел свет зборува

Венчавка и фустан од бајките

 

Овој викенд актерката и некогашната мис на Индија, Пријанка Чопра и американскиот музичар Ник Џонас, дадоа ветување на вечна љубов во палатата Умаид Бахаван во Индија. Затоа што младенците се од различна вера, парот организираше две венчавки, традиционална Хинду и Христијанска.

На венчавката присуствуваа бројни пријатели и роднини на младенците, а се зборува дека се пролиле и доста солзи. Плачела и невестата и нејзината мајка, фамилија, а и младоженецот.

За она што најмногу се зборува е фустанот од бајките, за кој се вели дека го носела најубавата жена на светот. Венчаницата е со вел од 23 метри и потпис на Ралф Лаурен.

Неочекуваното за фустанот е тоа што лично Ралф Лаурен ја креирал венчаницата, што до сега го има направено се на се, три пати и тоа за членови на својата фамилија.

Иако од фотографиите неможе убаво да се види, фустанот е рачно везен со илјадници скапоцени каменчиња и бисери, а за неговата изработка било потребно 1826 часа.