Природни маски за коса. Да, и тие делуваат | Trendseteri
Menu

Природни маски за коса. Да, и тие делуваат

Маски за посјајна, посветла и мека коса

 

Постојат неколку производи кои се наоѓаат во вашата кујна и можат да ви послужат за нега на сувата и оштетена коса.

Овие намирници во себе имаат доволно благодети и со нивна редовна употреба можете да направите значајна разлика на изгледот на косата. Да ја направите посјајна, мека или за некоја нијанса посветла коса. Овие едноставни маски можете да ги испробате уште веднаш.

Авокадо

 

Авокадото е едно од намирниците кое ќе ја направи посјајна вашата коса. Изгмечете го авокадото во сад, додајте свеж сок од лимон и нанесете ја смесата на вашата коса. После 10-тина минути измијте ја косата со шампон и уживајте во резултатите.

Јајца

 

Уште едни од намирниците кои ја негуваат косата се јајцата. Во комбинација со банана добивате микс кој помага на сувата коса. Жолчките од јајца измешајте ги со банана и нанесете го на косата. Заборавете на белките бидејќи можат ада остават лош мирис на вашата коса.

Јогурт

 

Јогуртот е производ поради кој вашата коса ќе добие посветла нијанса. Додајте една лажичка мед и имате комбинација за успех.