Дури ни Кралицата Елизабета нема контрола над својот маж | Trendseteri
Menu

Дури ни Кралицата Елизабета нема контрола над својот маж

Ќе му кажете една работа сто пати, но тој нема да ве послуша. На крај ќе испадне како што сте кажале, но по најлош редослед.


Не треба повеќе да се нервирате ако се чувствувате дека зборите на ѕид, ниту на кралицата не и е полесно.
 
Минатата недела Принцот Филип, кој инаку има 97 години, имал сообраќајна несреќа, а прашањето е логично: Зошто тој човек воопшто вози сè уште?
 
Тој кажува дека возењето му е најубава занимација, затоа што му дава чувство на слобода, кога е сам зад воланот.
 
Дури ни несреќата не го спречила во тоа за неколку дена повторно да седне зад волан.
 
Принцот Чарлс и Кралицата го молеле да престане да вози (барем на јавните улици) но без успех. 
 
Така да следен пат кога вашиот драг партнер ќе го замолите да ги стави садовите во машина и кога ќе се вратите дома и видите дека садовите не се во машина, длабоко земете воздух и сетете се дека и на Кралицата Елизабета и е исто.