Правила на облекување за пониски жени | Trendseteri
Menu

Правила на облекување за пониски жени

7 трикови со кои ќе изгледате повисоки од што сте

 

Нагласете го струкот – Ситните жени без многу мака можат да ги издолжат нозете визуелно – едноставно треба да го нагласите струкот. Можете да го направите на повеќе начини: ставете ја кошулата или маицата испод панталоните, облечете струкиран фустан или нагласете го тој дел со ремен.


Високи панталони или здолниште

 

Панталоните и здолништата со изразен висок струк се најдобрите пријатели на ниските жени. Ако врвот на панталоните завршува на висината на пупакот, а кројот ја следи линијата на телото, ќе имате фантастичен ефект.


Долг капут

 

Не да биде долг до колена, туку долг скоро до глуждовите. Долгиот капут визуелно ќе го издолжи вашето тело па така ќе изгледате повисоки. Меѓутоа многу е важно да внимавате капутот да не биде премногу широк бидејќи така ефектот ќе изостане.


Моќта на штиклите

 

Да, високите потпетици не прават повисоки. Доколку не ги сакате, не мора да бидат високи 15 сантиметри, и пониските потпетици добро ќе ја завршат работата.


Тркнете до кај кројачот 

 

Вообичаениот проблем на сите ситни жени се ногавиците кои некогаш им се предолги. Тоа се случува скоро секогаш. Наместо да ги игнорирате или завртите ногавиците, отидете на кројач да ви ги скрати. Направете ги совршено долги да одговараат на вашето тело.



Во една боја

 

Монохроматско облекување е како создадено за ниските жени. Сите дневни парчиња на вас во иста или слична боја веднаш ќе ја издолжи вашата фигура. Овој трик посебно функционира со црна боја.


Должината е важна

 

Дали носите фустан или здолниште, не е убаво да завршуваат на листовите. Подобар е изборот до колена или до глуждовите. Должината на пола пат ќе направи за изгледате уште пониско.