Прада кошулата што е достапна само денес | Trendseteri
Menu

Прада кошулата што е достапна само денес

Prada Time кошула

 

Знаеме дека продажбата на модни парчиња се сезонски, но новиот пристап го промени сето тоа, продажбата за одредени парчиња облека се одвива само во одредени денови во ограничени количини. Навистина уникатно нели?

Со новиот пристап купувачите стануват членови на ексклузивна заедница, се гради лојалност и ги поттикнува редовно да ги следат новостите на модните брендови. Долги редови пред продавниците и константно абдејтирање на веб шоповите се само некои од резултатите кои овој феномен редовно ги предизвикува.

Последна која излезе со ваква “drop” ограничена колекција е големата Прада. Под називот Time Capsule, смисли посебен начин на претставување на ексклузивните парчиња кои можат да се купат онлајн на нивната официјална веб страница.

Оваа кошула може да се набави само денес, па доколку сакате да бидете уникатни, побрзајте. Понудата се состои од само 50 парчиња.