Кампања која ќе го разведри сивилото на студените денови | Trendseteri
Menu

Кампања која ќе го разведри сивилото на студените денови

Prabal Gurung со нова кампања

 

Познатиот дизајнер од Њујорк, Прабал Гурунг излезе со нова кампања наменета за сезоната пролет/лето 2020 година, во светли бои која ќе внесе ведрина и позитивна енергија во сивилото на студените зимски денови. Кампањата е насловена како “Beautiful Dreamers” под објективот на фотографот Дејвид Ромер. Кампањата е снимена во студио и во природа каде притоа се изменети боите за да одговара со парчињата облека од новата колекција на Прабал Гурунг.

На фотографиите позираат моделите Tao Okamoto, Ellen Rosa, Vanessa Moody, Pooja Mor, Lindsey Wixson и Zoe Thaets, но она што најмногу ни се допаѓа е убавината и ведрината која се крие во виолетовата, црвената и сината боја.