Познатите со патики на црвениот ќилим | Trendseteri
Menu

Познатите со патики на црвениот ќилим

Трендовите ги кршат сите правила

Црвениот ќилим претставува синоним за гламурозни изгледи, со high level кодекс на облекување, од тоалети со впечатливи кроеви, луксузни штикли, па се до скапи парфеми и модни додатоци каде нема простор за “утка”. Сепак некои од познатите личности знаат како да прекршат некои од овие правила и сепак да изгледаат елегантно и тренди.

Трендовите ги кршат сите правила нели?

Неколку трендови кои успешно ги прекршија модните правила се патиките. После неколку децении иновации и еволуција, патиките не само што се прифатени, туку се и најпосакувани во светот на високата мода.