Познатите брендови со заедничка кампања | Trendseteri
Menu

Познатите брендови со заедничка кампања

Кога ќе се спојат Victoria’s Secret и For Love & Lemons

Светски познатиот бренд за долна облека Victoria’s Secret веќе некое време е под жестоки критики поради својата неиновативност. Светот константно се менува, а Victoria’s Secret сеуште остана на истата шема која ги направи популарни. Многумина се запрашаа дали таков каков што е во моментов, ќе може да опстане, додека другите брендови влагаат во ритамот на модните трендови.

Но, се чини дека и Victoria’s Secret сепак се одлучи постепено да се прилагодува на промените во модната индустрија.

Еден од чекорите е и нивната соработка со популарниот моден бренд For Love & Lemons, а како резултат на тоа е нивната нова заедничка колекција. Колекцијата се состои од парчиња долна облека како создадени за посебни пригоди.

Како заштитни лица во кампањата се моделите Ophelie Guillermand, Tami Williams и Solange van Doorn, каде се прикажува и мала “несовршеност” каква што не можевме да видиме на претходните спектакуларни Victoria’s Secret кампањи или ревии. Познати по нереалниот приказ на женската убавина, сепак овој бренд не може да одолее на промените кои се случуваат во модниот свет.