Споделете! Потребна е итна помош за малиот Матеј Стоилов | Trendseteri
Menu

Споделете! Потребна е итна помош за малиот Матеј Стоилов

Споделете! Потребна е итна помош за малиот Матеј Стоилов

 

Матеј Стоилов е лице со повеке видови на пречки во развојот. Лице со умерен ментален хендикеп, со кофециент на интелегенција 49, и лице со аутизам. Лице со мизијална темпорална склероза, како и епилепсија со кое нашето дете Матеј Стоилов има многу оштетување на мозочето на левата страна, кое се проширило и на десната страна.

Воедно, Ви објаснуваме дека на Матеј Стоилов сеуште не можеме да му ја утврдиме точната дијагоноза. Затоа, се трудиме и мачиме да ја дознаеме дијагонозата, за утре нашето дете да може да застане на здрави нозе и здрав разум, после нас.

Лековите кои ги добива Матеј се од надвор од државата, и се доста скапи. Ние како семејство сме сиромашни и невработени, и ги немаме потребните средства за понатамошното лекување на нашето дете. Истите не’ чинат 250 евра на месечно ниво, а дополнително е потребно и плаќање на логопед, дефектолог, правење на снимки, како и физикални терапии, и слично.

Моментално, повторно нашето дете треба да го однесеме во Турција (Истанбул) на понатамошно испитување при кое треба да направиме три снимки. Само трите снимки ќе не’ чинат 3,850 евра, а дополнително и прегледите и другите испитувања во зависност каде ќе не’ испратат за понатамошно испитување.

Трансакциска сметка за донации: ‎‎240 1671025375 13, Уни Банка, за Матеј Стоилов Од странство може да се донира на девизната сметка за донации: IBAN>MK 07240167102537513 SWIFT: UIBMMK 22

Телефонски број за донации: ВИП-ОНЕ – 143-484 ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА КОН НАС, И ЗА ВАШАТА СКРОМНА ДОНАЦИЈА. Со почит – семејство Стоилови.