Журка што ќе се памети | Trendseteri
Menu

Журка што ќе се памети

Longbus & PopUp Music: Журка што ќе се памети

 

„Браво за локацијата, сетингот, светкавите ленти, прекрасните гости и секако – музиката“, „Фала екипо за ваков ретко убав настан“, „Профи забава“, „When life gets this confusing, there is only one thing to do: attend a fabulous party“

Ова се само дел од коментарите на луѓето што присуствуваа на забавата на Longbus и PopUp Music минатиот петок. На одличната забава, Herzel го промовираше своето ново издание „Forms“ поддржан од колегите Еми Ермилова, Ulterior, Ивана Драгшиќ и Тони Димитров. Многу би згрешиле ако за ваквите забави кажеме дека „се посетени од публика“, затоа што во тој случај описот и самиот mood на присутните на ова случување ќе изгледаат ладно и далечно, со преграда меѓу луѓето што ја носат и луѓето што ја примаат музиката. Не станува збор за поделеност на изведувачи и публика. Не, овој тип забави ослободуваат енергија што слободно струи низ просторот и силно ги поврзува сите присутни, и без разлика на тоа кој во кое својство доаѓа, сите подеднакво го даваат својот придонес за добрата атмосфера. Во петокот, локацијата Шест чешми на Средно Водно пулсираше во беспрекорниот ритам на единството што може да го донесе само силната желба за добра забава, квалитетна музика и искрено дружење. Сè на сè – журка што ќе се памети (и треба да се повтори)!

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА ГАЛЕРИЈАТА

 

Текстот е превземен од страницата на popup која што треба да ја следите.