Што да и купите?
1. Патување

Најмногу жени одбраа патување. Девојките се изјаснија како најмногу би сакале со своите партнери да отпатуваат на некоја позната туристичка дестинација.
2. Домашно милениче

Ништо не е поубаво од тоа да подарите слатко, мило милениче. Ако вашата партнерка нема услови за куче или маче, секогаш може да подарите папагал, хрчак или риба.
3. Романтична вечера

Жените се изјаснија дека сакаат со својот партнер да излезат на фина и романтична вечера во луксузен ресторан и тоа го сметаат за совршена Новогодишна вечер.
4. Креативен подарок кој самите сте го направиле

Многу дами кажаа дека подарокот не треба да е скап за да ги воодушеви. Доволно е мажот малку да се потруди и да подари совршен подарок.
5. Парфем

Нормално…Не постои жена на која не и е добредојден нов парфем и доколку немате други идеи со овој подарок никогаш нема да погрешите!
Photos: Pixabay/Shutterstock