Нè напушти Оливер Драгојевич | Trendseteri
Menu

Нè напушти Оливер Драгојевич

„Гласот на Јадранот“ нè напушти засекогаш

 

Оливер Драгојевич на 29. јули ја изгуби битката во борбата против заболувањето од рак на белите дробови. Почина во неговиот дом во Сплит.

Оливер беше еден од најпознатите и најпосаканите Хрватски музичари, чи каријера започна на Сплитскиот Фестивал во 1967 год. Љубовта кон морето и „неговата“ Далмација успеа да ја истакне повеќе од 50 години преку неговите песни кои стално биле пеани на далматински дијалект.  Најпознатиот хит му датира од далечната 1977год. – Скалинада.

Со повеќе од 50 музички албуми, интернационални концерти и безброј одликувања со најпрестижните музички награди се впишува како еден од најуспешните музичари на ЈУ-просториите.

Неговата музика вечно ќе живее во нас. Нека почива во мир.