Плиш палто - вашата влезна карта за секоја зимска забава | Trendseteri
Menu

Плиш палто – вашата влезна карта за секоја зимска забава

На работа, на коктел после работа или вечерно излегување, за баш секаде – плиш

 

Плишано палто е едно од оние парчиња во кое можете да го поминете целиот ден, а исто така и да сте спремни и за било каква отмена вечера, во зависност што носите под него.

Од оваа луксузна ткаенина изработени се различни видови палта, панталони, здолништа…
Иако црната боја е резервирана за сите вечерни парчиња, зимно време бојата на црно вино и смарагдно зелена се вовлекуваат во секој ормар.

Овие модели лесно се комбинираат со бела кошула, панталони со раб и салонки, но одлично изгледаат и во комбинација со некоја прозирна блуза и тесни фармерки.

Повеќето брендови кога е во прашање плишаното палто се држат до класичниот модел, а најинтересни се моделите што се врзуваат околу струкот.