Пивото - Лек од хмељ | Trendseteri
Menu

Пивото – Лек од хмељ

Пивото здрав напиток што гаси жед

 

Што се случува кога пиете пола литар пиво секој ден Резултатите од шестогодишните студии, каде се вклучени 80 000 здрави луѓе, Кинези, каде е испитано влијанието на алхохолот врз холестеролот, ќе ги израдува сите љубители на пивото. Иако алхохолот може да создаде зависност, па докторите не го препорачуваат поради озбилните последици на јетрата, ништо нема да ви се случи доколку алхохолот го конзумирате умерено.

За виното, на пример, е познато дека една чаша црно вино после ручек го регулира крвотокот и работата на срцето, но се чини дека и пивото е всушност лековито, во умерени количини се разбира. Од студиите кои се направени под иницијатива на државниот универзитет Пен (Кина), доаѓаат до заклучок да пола литар пиво дневно значајно го намалува ризикот од срцев удар. Здравиот холестерол (HDL) е многу важен во борбата против лошиот холестерол кој ги згрутчува крвните садови. Пивото повеќе влијае на нивото на HDL отколку жестоките пијалоци. Испитаниците кои секојдневно пиеле пиво имаат значајно подобро ниво на HDL за разлика од оние кои не пиеле воопшто. HDL варира, а на оваа студија е докажано дека луѓето кои пијат пола литар пиво дневно го намалуваат паѓањето на HDL, поради што се зајакнува одбраната на телото од инфаркт.