Pirelli-Календар 2017та | Trendseteri
Menu

Pirelli-Календар 2017та

Заводливите холивудски ѕвезди без шминка на новиот календар на Пирели

 

Иако календарот на Пирели со години го гледавме со портрети од разголени модели, во последниве две години тие се одлучија на малку поинаков пристап. За следната 2017 година, нивниот календар ќе го красат холивудските ѕвезди без шминка на нив со минимален фотошоп на фотографиите.

Во 44 – тото издание на овој календар ќе се појават 14 актерки, вклучително и Џулиан Мур (55), Уму Турман (46), Никол Кидман (49) и Робин Рајт (50). На црно-бели фотографии, славните актерки се прикажани во едноставни комбинации. Освен нив, на овој календар ќе се најдат и славните Лупита Њонго (33), Шарлота Ремплинг (70), Пенелопе Круз (42), Хелен Мирен (71) и многу други.