Петар Милошески - иднината во коњичкиот спорт за Македонија | Trendseteri
Menu

Петар Милошески – иднината во коњичкиот спорт за Македонија

Младиот Петар Милошески. Европски или можеби нареден светски шампион во коњичкиот спорт


Македонската јавност е  многу малку запознаена со случувањата во овој спорт за жал иако се важи за еден од нај скапи и нај елитни спортови ширум светот.

Младиот Петар Милошески со своите 14 години е најмладиот Македонец што во иминатвие децении успеа да се врати во Македонија со пехар освојуваќи го во дисциплина скокање пречки, на балканско ниво.

На 6. јуни 2018 година тој го направи својот првс скок и веќе учествуваше на повеќе од 10 натпревари, освојувајќи 6 медали и еден пехар за освоено трето место.

Тој во изминативе година дена беше добитник на повеќе златни и сребрени медали како и на последното натпреварување во Пожаревац – Србија, каде освои пехар кој одамна не е освоен од Македонец.

Петар Милошески успеа да се избори за титула натпреварувајќи се со многу познати балкански и светски шампиони во овој спорт, кои имаат повеќе децениски искуства и титули ширум светот.

Тој своите тренинзи ги извршува во Скопје во коњичкиот клуб Бравадос . Бравадос, подржувајќи го Петар со неговиот талент кој го има, ќе се борат за освојување прв пласман во светот, кој воедно би бил и прв светски шампион од Македонија.

Петар со овој успех станува трендсетер кој треба да го земете како пример за вас или вашите деца.