Пеџа Тренд - Урбана градска фаца | Trendseteri
Menu

Пеџа Тренд – Урбана градска фаца

Пеџа Тренд – Урбана градска фаца

 

 

Предраг Васиљевиќ или попознат како Пеџа – Тренд, менаџер од своите тинејџерски денови а денес еден од сопствениците на најголемиот угостителски бренд во Македонија – “Тренд”.

Но сега нема да зборуваме за неговите бизнис успеси, туку за модата која овој успешен бизнисмен ја диктира во Македонија. Дали е кафе-шема, бизнис состанок, на плажа или на скијање, Пеџа е секогаш “ин” и скоцкан од глава до пети.  Внимава на изборот на аксесоари, од рачниот часовник па сè до очилата за сонце. Скопски фраер со стил и шарм. Џетсетер во вистинска смисла на зборот.

Пеџа е човек што редовно води грижа за својот изглед со неговиот активен животен стил. Голем зависник од екстремни спортови… едноставно си го живее животот во свој филм.

 

Наш предикат за Пеџа – Тренд е… Круг на Трендсетери во Македонија и “урбана градска фаца”.