EAT PASTA - RUN FASTA | Trendseteri
Menu

EAT PASTA – RUN FASTA

Хуманитарна „Pasta Party“ дел од активностите пред Скопскиот маратон

 

Подготовките за најголемото маратонско случување во регионот се завршени. На 6-ти мај во 08.30 часот на скопските улици ќе стартуваат рекорден број од тркачи. Виз Ер Скопски маратон во соработка со Амбасада на Република Италија и „Парк Хотел и Спа“ како поддржувачи на „Проект Среќа“ ќе организираат хуманитарна забава за сите учесници на Виз Ер Скопскиот маратон во склоп на акцијата „Здраво шампиони“. Забавата ќе се одржи на 5 мај (сабота) од 18.00 до 21.00 во „Twins Snacks & Beer“  во „Парк Хотел и Спа“.

Средствата кои ќе се обезбедат од продадените ваучери на Pasta Party, ќе се наменат за деца кои живеат во социјален ризик, а за нив ќе биде обезбедена бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови. На оваа акција се придружи и Агенцијата за млади и спорт.

На „Pasta Pаrty“ во „Twins Snacks & Beer“ се поканети сите учесници на Виз Ер Скопски маратон, а ваучерот за една порција одлична италијанска паста ќе може да се купи по цена од 100 денари на самата забава или на Маратон Експо кое ќе се одржи на 4-ти и 5-ти мај во Парк Хотел и Спа каде и ќе се подигнуваат стартните пакети.