Не треба да биде вака | Trendseteri
Menu

Не треба да биде вака

Изладени односи меѓу партнерите

 

Љубовта е чувство што не тера да сакаме, да се раддуваме и да останеме со една личност.

Но што кога одредени постапки прават блискоста да стане далечна, топлината од љубовта да се излади?

Тогаш љубовта се уште постои, но е сокриена од гордоста и разочарувањето. Тогаш вината си ја подаруваат како лошо завиткан подарок, тогаш тишината збпрува она сеедно се сервира како колач со кафето.

Време е нешто да се промени, време е љубовта повторно да го стопли срцето. Доволна е само иницијативата за разговор, доволна е мала убава постапка што ќе зборува повеќе од зборовите. Доволно е секој да скрши од колачот на вината и да го проголта како горчлив залак.

И кола волјата и иницијативата се присутни кај двете срца, тогаш љубовта, старата пријателка ќе им се придружи на заедничкото кафе, носејќи им ги шансата и можноста како подароци.

Зошто сенслучи? Како се случи? Што можам да сменам? Прашањата се нижат во главата, додека рацете се спојуваат околу половината.

Бегај ти гордост, бегај ти его, вие стари љубовници. Дозволете им на рацете да се стегнат околу телото. Дозволете им на бакнежите да зборуваат пред да се појават одговорите.

Постојат само две нешта кои она сеедно го претвораат во ЕДНО.

Разговор, волја и труд за подобро утре, за споени раце, кревет натежнат од две тела.

Сакај безрезервно, давај безрезервно. Добивката доаѓа со прегратките, заедничките утра и малите изненадувања што цртаат големи насмевки.

Д.А. Патникот со закрпени патики