Првото нешто што потенцијалниот партнер ќе го примети кај вас
Парфемите имаат можност да заведуваат или одбиваат. Мораме да признаеме дека мирисите играат огромна улога во одбирање на партнер. Верувале или не тоа е првото нешто што потенцијалниот партнер ќе го примети кај вас, како мирисате. Можеби не сте свесни дека пресилниот парфем и облакот кој го оставате позади вас може да остави лош впечаток, толку силен што човекот што ви се допаѓа да не ви се јави потоа. На мажите не им се допаѓаат силни и тешки парфеми. На повеќето им се допаѓаат лесни женствени парфеми со малку состојки и базни ноти.
Од друга страна пак има мажи што сакаат да почувствуваат на жената слатки цветни и овошни ноти.
Според истражување направено на универзитетот во Чикаго, парфемите кои содржат ванила, лаванда или цимет може да направат жената автоматски да привлече некој маж.
Сето ова важи само доколку и на вас жените ви се допаѓа и ви одговара на вашиот стил некој од доленаведените парфеми. Затоа што многу е важно да носите парфем со кој вие самите се чувствувате сензуално. Само тогаш те попривлечни, поубави и позаводливи.
Неврологот Алан Хирс од споменатиот универзитет кажува дека има состојки кои мажите ги потикнуваат да мечтаат.
Парфеми кои припаѓаат на оваа категорија и ги содржат состојките се:
Prada – Candy
Lancome – La nuit Tresor
Escada – Born in Paradise
Carolina Herrera – Good Girl
Nina Ricci – Nina
Balenciaga – Rosabotanica
На мажите посебно атрактивни им се парфеми кои емитуваат чувство на чисто и свежо, затоа што тоа го поттикнува нивниот мозок да мисли на жена која се тушира, но и жена која нема многу облека на себе.
Парфеми од оваа категорија се:
DKNY – Be delicious
Prada – Infusion d’Iris
Bvlgari – Omnia Amethyste
Hermes – Jour d’Hermes
Исто така им се допаѓаат парфеми кои содржат цитрусни ноти и бело цвеќе. Во ова група спаѓаат оние кои содржат нероли, грејпфрут и јасмин.
Парфеми од оваа категорија се:
Dolce & Gabbana – Dolce
Bvlgari – Jasmin Noir
Cacharel – Amor Amor
Tom Ford – Soleil Blanc
Burberry – The beat