Парфеми кои ќе станат вашиот заштитен знак | Trendseteri
Menu

Парфеми кои ќе станат вашиот заштитен знак

Дали сте во потрага по нешто што веднаш ќе остави впечаток?

 

На секои неколку сезони се појавува по некој парфем кој го излудува светот. Како што тоа до пред некое време беше Light Blue на Dolce&Gabbana или пак Olympea на Pacco Rabana. Затоа, доколку сакате нешто да промените во оваа година, можеби најдобриот начин е да почнете од парфем кој би бил вашиот заштитен знак.

Имајте на ум дека за сето тоа се неопходни два парфема – зимски и летен.

Популарноста на парфемот е секако еден од факторите за избор на парфем бидејќи гарантира квалитет, но исто така обрнете внинание на необични освежувачки ноти.

 

Orange Sanguine од Atelier Cologne

 

Оваа млада компанија која е основата во 2009 година, позната по тоа што произведува унисекс парфеми кои се инспирирани од природата, се карактеризираат со цитрусни и освежителни ноти. Доколку сте во потрага за нешто што никој не го поседува, ова е вашиот избор.

Chloe

Овој парфем ќе флертува наместо вас. Неговите ноти се засноваат на флорални мириси, кедар и мед, за деловни состаноци или пак за пијачка после работа. И секако, доволно јак за да заведе и во спалната.

J’adore од Dior

Веројатно постои голема причина зошто токму Charlize Theron го рекламира овој парфем. Со два збора: моќна сензуалност. Со мирисни ноти на јасмин, слива, орхидеја, роза и боровница. Доколку сте во потрага по нешто што веднаш ќе остави впечаток, баш како појавата на Charlize Theron, ова е тоа што го барате.