Овие познати дами ќе ве мотивираат за тренинг | Trendseteri
Menu

Овие познати дами ќе ве мотивираат за тренинг

Доколку посакувате витка фигура, тие се вистински пример за тоа

 

Понекогаш ни е потребна инспирација кога треба да поработиме на нашиот изглед. Некои од познатите дами се вистински пример и идоли на милиони луѓе ширум светот. Тие се одлични актерки, вистински професионалци во работата, мајки и сепак изгледаат одлично.

Ова се само некои од најзгодните познати дами чии фотографии ќе ви послужат како одлична инспирација да отидете во теретана да вежбате.

Хали Бери

Таа има 52 години и редовно вежба, има тело подобро и од многу тинејџерки.

Кејт Бекинсејл

Како што и самата има изјавено, на почетокот на нејзината кариера не изгледала баш во најдобра форма. Затоа почнала да вежба и да работи напорно на својот изглед. Мораме да признаеме дека одлично и оди!

Џенифер Лопез

Една од најпознатите светски пејачки, Џеј Ло неодамна го прослави нејзиниот 50-ти роденден и изгледа феноменално.

Никол Шерцингер

Познатата пејачка важи за една од најзгодните жени на светот. Оваа дама е позната танцот, но и по тоа дека напорно вежба за нејзината форма.

Џесика Алба

Актерката е позната по нејзините совети за здравиот начин на живот, а нејзиниот изглед е доказ за тоа.

Ева Лонгорија

Оваа актерка минатата година се породи и за кратко време испеа да се врати во топ форма. Сигурно не и било лесно, но покажа дека кога ќе дадеме се од себе, ништо не е невозможно.

Кејт Хадсон

Избалансираната исхрана и редовните тренинзи и овозможија на оваа актерка да се врати во старата добра форма после породувањето, и со тоа да биде задоволна со својот изглед, со себе си.

Работете на себе, бидете горди на себе и на својот изглед.