За лежерен, удобен и топол изглед
Заради овие трендови се радуваме на ладните и дождливи денови. Во фокусот на оваа есен се предимензионираните парчиња облека, во случајов, капутите.
Доколку сте решени да инвестирате во облека која ќе ве загрее и секој ваш стајлинг ќе го направи интересен, наша препорака е тоа да биде овој модел на капут. Одберете добар крој во вашата омилена боја и разубавете ги овие сиви и ладни есенски денови.
Ѕирнете во комбинациите кои ги одбравме за вас…