Оваа лампа е вистинско дизајнерско чудо | Trendseteri
Menu

Оваа лампа е вистинско дизајнерско чудо

Една лампа, илјада идеи

 

Дизајнерот Лука Ничето креираше неверојатно чудо на столетието претставено како лампа која може да се обликува во дури 10 милијарди различни облици. Лампата ја креирал за брендот Hem, и како резултат добива генијално дизајнерско парче кое доколку еднаш го купите, нема да сакате никогаш да го смените.

Лампата се нарекува Alphabeta и доаѓа во осум различни облици, а секој од нив доаѓа во своја вбоја, вклучувајќи црна и бела сенка. Резултатот е дури 24 различни достапни облици кои водат до бесконечно многу комбинации.

Оваа лампа доаѓа во висечка и стоечка варијанта. Без разлика дали повеќе сакате шаренило во вашиот дом или едноставност во една боја, со оваа лампа можете да постигнете се.

Цената е 449 евра за висечка и 799 евра за стоечка варијатна, и доколку се земе во обзир што се можете да направите со неа, и не е толку скапа.