Осум златни медали за “Шотокан карате клубот Полог” од Гостивар
“Шотокан карате клубот Полог” од Гостивар освои 8 златни медали, 12 сребрени и 10 бронзени на меѓународниот натпревар “IPPON OPEN 2017” во Лесковац, Србија, покажувајќи огромна желба, дисциплина, упорност, истрајност и храброст, информираше тренерот на клубот Гоце Андриевски.
На натпреварот учествуваа 450 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора.
- Ние учествувавме со вкупно 18 натпреварувачи во “кати”, од кои 13 настапија и во борби т.н. “кумите”. Ова е голем успех за нас кој покажува дека прераснуваме во голем и моќен клуб, рече Андриевски.