„Osteria Francescana“ – Најдобриот ресторан на Светот
Најдобриот ресторан на светот е италијанскиот „Остериа Франческана“ во Модена, беше објавено на свеченост во Њујорк. “Ви благодарам на сите. Кај нас се се врти околу напорната работа. Луѓето мислат дека сме како рок ѕвезди и ние даваме се од себе. „За да успеете, треба напорно да работите во кујната“, изјави главниот готвач и истовремено и сопственик на најдобриот ресторан на светот, Масимо Ботура. Тој истакнува дека комбинацијата на традиционалното и на модерното ги допира сите сетила.
Интересен е фактот, што има 5 различни јадења во менито. Се разбира дека еден оброк се состои од предјадење, главно јадење и десерт. Но сè што се нуди е лично избрано од Масимо Ботура и е сон за сите сетила, мирис вкус и вид. Вкусот не може да се опише, мора да се доживее.