Оскари 2018: “The shape of water” освои оскар за најдобар филм | Trendseteri
Menu

Оскари 2018: “The shape of water” освои оскар за најдобар филм

Оскари 2018: “The shape of water” освои оскар за најдобар филм

 

 

 

Филмот “Shape of Water”, во режија на Мексиканецот Гилермо дел Торо, е апсолутен победник на 90 доделување на Оскари, од страна на американската Академија за филмски уметности и науки, одржанo изминатата ноќ во Лос Анџелес.

 

Романсата меѓу нема девојка и половина човек, половина речно суштество, беше фаворит на вечерта со најмногу, вкупно 13 номинации, од кои освои четири, вклучувајќи го и Оскарот за најдобра режија.

Со тоа Дел Торо стана третиот мексикански режисер кој освоил награда во таа категорија.

“Јас сум имигрант, како Алфонсо Куарон и Алехандро Инјариту, моите земјаци. Како Гаел, Салма, и многу други од вас. Во последните 25 години живеам во земјата на сите нас. Дел од неа е тука, дел е на Европа, дел е некаде на друго место. Мислам дека најдоброто во нашата уметност и индустрија е тоа што ги бришат границите во песокот. И треба да продолжиме тоа да го правиме и кога другите ќе ни речат да ги нацртаме подлабоко” – изјави Гилермо дел Торо.

 

 

Оскарот за најдобра актерка го доби Френсис Мекдорманд, за улогата во филмот “Three Billboards Outside Ebbing, Missouri” додека наградата за најдобра машка споредна улога во истиот филм му беше доделена на Сем Роквел.

“Погледнете околу себе, дами и господа, сите имаме приказни за да га раскажеме и проекти за кои ни треба подршка. Немојте за тоа со нас само вечерва на забава, викнете не во вашата канцеларија за неколку дена, или дојдете вие кај нас, па ние детално ќе ви раскажеме за се” – изјави Френсис Мекдорманд.

 

Актерот Гери Олдман освои Оскарот за најдобар актер во остварувањето “Darkest Hour”.

“Сакам пред се, да и се заблагодарам на мојата мајка која е постара од Оскарите, има 99 години. Таа во удобната фотелја го гледа доделувањето. Ти благодарам мамо за љубовта и подршката. И стави вода за чај, оскарот го носам дома” – изјави Олдман.

 

Како уште еден од фаворитите, со осум номинации, овој филм на Кристофер Нолан освои три Оскари.

Наградата за најдобра машка споредна улога во филмот “Three Billboards Outside Ebbing, Missouri” му беше доделена на Сем Роквел.

“Кога имав 8 години, ми се јавија од кај директорот и татко ми делуваше многу сериозно. Рече “мораме да одиме, на баба ти нешто и се случило”. Кога влеговме во кола, го прашав што и е на баба, тој ми одговори: “ништо, одиме во кино”. Љубовта за филмовите ми ги пренесоа моите родители, фала ви за се мама и тато” – изјави Сам Роквел.

Најдобра женска споредна улога оствари актерката Алисон Џејни, во филмот “I, Tonya”.

Оскар за најдобро оригинално сценарио освои Џордан Пил за филмот “Get Out”, и со тоа стана првиот афроамерикански режисер кој ја добил оваа награда.

Режисерот Џејмс Ајвори, во својата 89 година, беше најстариот добитник на овогодинешното доделување. Тој освои Оскар за адаптираното сценарио за филмот “Call me by your name”.

“Моето прво правило за сценаристот кој го адаптира романот е да му се заблагодам на авторот. Вечерва со нас е Андре Асиман, кој ја напиша приказната за прва љубов, приказна позната на повеќето. Дали сме стрејт или геј, или нешто помеѓу сето тоа, верувам дека сите сме ја поминале првата љубов. Но, можеби, без такви прекрасни родители како што се Перлманови во филмов…

Не би бил јас тука, без инспирацијата која ја добивав од моите сега покојни животни партнери, сценаристот Руд Џабвал и продуцентот Исмаил Мерчанта. Работата со нив, која траеше речиси 50 години во продицентската куќа “Мерчант/Ајвори” , ја донесе оваа престижна награда. Голема благодарност и до академиците кои гласаа за мене. Со тоа вие гласавте и за нив” – изјави Џејмс Ајвори.

 

Францускиот композитор Александар Депла го освои својот втор Оскар, за музиката во филмот “Shape of Water”.

Оскарот за најдобар странски филм му припадна на чилеанското остварување “A fantastic woman”, а за најдобар документарен филм статуетка доби “Icarus”, приказната околу допингот во спортот на авторот Брајан Фогел.

Домаќин на церемонијата на доделувањето на Оскари, втора година по ред, беше познатиот телевизиски водител и комичар Џими Кимел, кој ја отвори церемонијата со свој монолог, кој речиси во потполност беше посветен на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

Овогодинешното доделување на Оскари за прв пат беше одржано без Харви Вајнстин, кого американската филмска академија, откако околу 100 жени го обовинија за сексуално злоставување, го исклучи од членството.