OMEGA и METAS – Иновативни часовници | | Trendseteri
Menu

OMEGA и METAS – Иновативни часовници

Омега – името потекнува од 1894 година, збор кој изразува извонреден успех.

 

Повеќе од 120 години подоцна имаат постигнато нова индустрија, секогаш чекор пред другите со првиот часовник – Master Chronometer, кој ги положи сите тестови одобрени од страна на METAS

Секој часовник посебно има сертификат од METAS. Во соработка со Швајцарскиот федерален институт за метрологија (METAS), OMEGA постави нови стандарди за прецизност, удвојувајќи го сертифицирањето на часовникот со METAS сертификатот, преку 8 интензивни тестови спроведени во текот на 10 дена. Прво, часовникот се поставува во еден од најголемите трајни магнети во светот, докажувајќи ја неговата функционалност под влијание на магнетни полиња со јачина од 15.000 gauss. Секојдневните услови на носење на часовникот се симулираат со негово постаување во 6 различни позиции, тестирање на 2 нивоа на зачувана енергија на механизмот за проверка на било какви отстапки во точноста и тестирање на темпераура од 23 и 33˚C, односно температурите кога часовникот е на рака и кога не е на рака. Во финалниот тест за водоотпорност, секој часовник е потопен во вода и изложен на одреден притисок

Од сите овие тестирања и сертификатот одобрен од METAS можеме да заклучиме дека овие иновативни часовници ги надминуваат стандардите кои долго време беа норми во оваа индустрија.